Медведев : Украинското раководсво е анти - руско

Рускиот претседател Дмитриј Медведев остро го криткуваше украинското раководство, опишувајки го како анти-руско поради што односите меѓу двете земји се влошиле. Во отворентот писмо до украинскиот Претседател Виктор Јушченко, Медведев вели дека ќе го одложи поставувањето на руски амбасадор во Киев се додека не се подобрат односите. Медведев наведува дека Украина ги нарушува економските односи и безбедноста за снабдување на Европа со гас. Исто така, според Медведев, Украина ја дели одговорноста со Грузија за воен криминал во сепаратистичката грузиска република Јужна Осетија за која лани избувна војна меѓу Москва и Тбилиси.