6 стамбени згради се урнаа во Кина

Најмалку 6 стамбени згради страдаа во лизгање на земјиште во источна Кина предизвикано од моќен тајфун. Притоа во урнатините се наоѓал непознат број луѓе, јавува Хсинхуа. Лизгањето на земјиштето по силните дождови се случи во Пенгџи во провинцијата Зеџијанг. Зградите биле четири катници и досега спасувачите извлекле 6 живи луѓе. Инаку неколку азиски држави Индија, Јапонија. Тајланд и Тајван се погодени од бури и земјотреси во изминативе часови.