Медведев:Русија мора да го реформира стопанството

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска изјави дека Русија мора да го реформира стопанството што сега е многу зависно од продажбата на горива, за да излезе од моменталниот застој.
„Во иднина не би требало да се развиваме на ист начин. Тоа е неуспех. Во спротивно, нашето стопанство нема иднина“, изјави Медведев во Сочи.
Руските власти оценуваат дека годинава БДП-то на Русија ќе се намали за 8,5 отсто.