Израел го бомбардираше тунелот меѓу Газа и Египет

Израел авионски го бомбардираше тунелот на границата меѓу појасот Газа и Египет. Тоа е прв таков напад по два месеци. Нема информации за жртви, во нападот што се случи рано утрово.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека нападот е одговор на неодамнешното ракетирање од Газа и дека Израел ќе одговори на секое пукање.
Тунелите меѓу Газа и Египет се користа за да се избегне израелската блокада на палестинските територии. Израел смета дека тунелите се користат за пренесување оружје или материјали за приозводство на оружје.