Рударска несреќа во Словачка

19 рудари се водат како исчезнати, а деветмина се повредени, по експлозијата што се случила во еден рудник за јаглен, во северна Словачка, соопштуваат властите. Исчезнатите рударите се затрупани во окното. Рударската компанија соопшти дека експлозијата настанала кога рударите гаснеле пожар.