Таџикистанската полиција убила исламистички милитант

Таџикистанската полиција соопшти дека убила исламистички милитант осомничен за поврзаност со Талибанците. Западните медиуми, повикувајќи се на неименувани извори во таџикистанското министерство за внатрешни работи, објавија дека милитантот бил убиен откако отворил оган на полицајците што сакале да го уапсат.