Ослободувањето на Французинката од Иран - приоритет за Саркози

Францускиот претседател Николас Саркози го поставил ослободувањето на француската професорка, на која и се суди во Иран, за врвен приоритет. Таа е обвинета за шпионажа и за помагање на западната завера за рушење на владата.
Професорката Клотилде Реи е меѓу десетиците притворени, на кои им се суди по обвиненија поврзани со протестите што следеа по спорните претседателски избори во Иран.
Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер го смета дека судењето е „шоу“.
Претходно, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи рече дека Техеран остро ќе се спротивстави на странското мешање во внатрешните работи на Иран.