Серија бомбашки напади во Ирак

Над 40 луѓе биле убиени, а скоро 150 повредени во денешните бомбашки напади во ирачките градови Мосул и Багдад. Агенциите јавуваат дека во близина на Мосул експлодирале два камиона бомби при што загинале 25 луѓе. Во Багдад пак, во експлозија на два автомобила бомби загинале 16 луѓе.