Остра порака за ослободување на Американците

Вашингтон соопшти дека му упатил „остра порака“ на Иран за ослободување на тројцата Американци уапсени додека при планинарење ја преминале иранско-ирачката граница. Советникот за национална безбедност Џемс Џонс за телевизијата НБЦ рече дека Иран, денеска, официјално потврдил дека ги држи во притвор тројцата американски државјани.