Заробениот американски војник, се уште, е жив

Талибанскиот командант кој држи американски војник заробен во Авганистан рече дека Талибанците чекаат одговор на барањата пред да го погубат војникот.
Ова е прва вест за судбината на 23-годишниот војник, по снимките од него, што ги испратија Талибанците на 18 јули.
Талибанскиот командант рече дека судбината на војникот е во рацете на Талибанците под водство на Мула Омар. Тие претходно рекоа дека ќе го убијат војникот, ако САД не престане да бомбардира две области во источен Авганистан.