Хрватска ги продава островите на Тито

Хрватска реши да ги стави на проджба островите Бриони по цена од 2,5 милијарди евра, во очајнички обид да дојде до готови пари, објави британскиот весник „Индепендент“.
Весникот наведува дека оваа „јадранска Полинезија“ била омиленото летувалиште на Јосип Броз - Тито, а негови гости биле многумина политичари и јавни личности - Насер, Нехру, Хајле Селасие, Френклин и Еленор Рузвелт, Софија Лорен, Џејмс Џојс...
Хрватска, во која странските инвестиции последнава година опаднаа за 40 отсто, реши да ги стави Брионите на продажба заедно со државната осигурителна компанија, желзницата и делови од енергетскиот сектор, наведува весникот.