Новиот грип ја однесе првата жртва во Ирак

Ирачкиот министер за здравство денеска го потврди првиот случај на смрт од новиот грип Х1Н1. Ирачките здравствени власти соопштија дека од грипот умрела млада жена од сиромашно семејство во градот Наџаф. Од грипот, до сега умреа повеќе од 800 луѓе, од неговото појавување во април.