Кина евакуира 1 милион луѓе во очекување на тајфунот Моракот

Речиси 1 милион луѓе се евакуирани од источните крајбрежни провинции во Кина, во очекување на тајфунот Моракот, што денеска се движи кон најнаселената земја во светот. Средиштето на тајфунот е на седумдесетина километри од југоисточната кинеска провинција Фуџијан, проследен со ветар со брзина од 108 километри на час.
Моракот, вчера, го погоди Тајван, а поројните дождови што го следеа тајфунот ја предизвикаа најголемата поплава што го погодила островот во последните 50 години. Еден човек загина, а 29 се водат како исчезнати во јужен Тајван.