Престрелка во Драч, петмина загинати

Четворица полицајци и еден цивил денеска попладне биле убиени во еден туристички комплекс во албанскиот град Драч, јавуваат агенциите. Ова се случило за време на полициската операција за апсење на познатиот албански криминалец Дритан Дајти, кој во 2003 година избегал од судот во Тирана. Дајти бил повреден и пренесен во болница.