Тензии во северниот дел на Митровица

Во населбата Брѓани во северниот дел на Косовска Митровица денеска повторно дошло до зголемени тензии, бидејќи Србите и Албанците се собраа на исто место за да почнат со изградба на нивните куќи. Во населбата има зголемено присуство на косовскта полиција, но и на припадници на ЕУЛЕКС и на КФОР. Во април и мај годинава во Брѓани имаше инциденти по што мораше да интервенира полицијата.