Клинтон им оддаде почит на жртвите од амбасадите во Кенија и во Танзанија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон им оддаде почит на жртвите што настрадаа, во 1998 година, во нападите на американските амбасади во Кенија и во Танзанија. Со нападите врз амбасадите се поврзува Ал Каеда.
Бомбашките напади, во кои загинаа 200 луѓе се потсетник на „непрекинатата закана од тероризмот, кој нема никакви ограничувања, ни расни, ни етнички, ниту, пак, верски“, рече Клинтон во Најроби.
Во текот на денов, во Најроби, таа треба да се сретне со сомалискиот претседател Шеик Шариф Ахмед. Клинтон ќе и изрази подршка на сомалиската влада за напорите во борбата против исламистичките милитанти.
САД и понудија воена помош на сомалиската влада, во битката против бунтовниците. Во Сомалија оперира групата Ал Шабааб, која е обвинета од Вашингтон за поврзаност со Ал Каеда.