Расмусен- НАТО останува во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вчера во Кабул се заложи за останување на Алијансата во Авганистан. Можам да ве уверам вас и авганистанскиот народ дека ќе останеме и ќе ве поддржиме колку што е потребно да ја завршиме нашата работа, му рече Расмусен на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на заедничката прес конференција во Кабул. Во моментов повеќе од 65 илјади војници од 42 држави се наоѓаат во силите на НАТО во Авганистан.