Двете американски новинарки пристигнаа во САД

Двете американски новинарки, кои беа ослободени од севернокорејските власти, пристигнаа во САД, заедно со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Новинарките Еуна Ли и Лора Линг беа пречекани од семејствата на аеродромот во Бурбенк во Калифорнија.
Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ил ги помилува двете новинарки, по разговорите со Бил Клинтон.
Претседателот на САД Барак Обама рече дека „многу му олеснало“, по враќањето на новинарките. Обама му се заблагодари на Клинтон кој се заложи за нивно ослободување. Сепак, тој нагласи дека не понудиле никакви отстапки во врска со нулеарната програма на Пјонгјанг.
Новинарките беа уапсени во март годинава, а Северна Кореја ги осуден на 12 години принудна работа, поради нелегално влегување во земјата.