НАТО демантира дека убиените во воздушните напади се цивили

НАТО и американските сили соопштија дека извеле воздушен напад во јужен Авганистан, но ги отфрлаат наводите на селаните дека четворицата убиени се цивили. Американската армија соопшти дека убила четворица бунтовници на моторцикли. Селаните велат дека се убиени три момчиња и еден маж, од нивното село во близина на Кандахар. Селаните ги донеле четрите тела во градот да им ги покажат на властите. Авганистанците се огорчени поради убивањето цивили во воздушните напади.