Расмусен во Авганистан

Новиот шеф на НАТО Андерс Фог Расмусен пристигна во прва посета на Авганистан, од како е на чело на северноатлантскиот сојуз. Во соопштението од НАТО се вели дека Расмусен ќе се сретне со претседателот Хамид Карзаи, како и со други авганистански функционери.
Тој, исто така, ќе се сретне и со командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Стенли Меккристал, а ќе ги посети и тимовите за обнова на земјата.