Американците ракетираа талибанско упориште во Пакистан

Американските сили ракетираа талибанско упориште во пакистанската провинција Источен Вазиристан. Ракетата уништила една куќа, при што, најмалку двајца луѓе загинале. Се наведува дека ракетираната куќа му припаѓа на дедото на талибанскиот воен лидер Бајтула Мехсуд.
Безбедносните власти тврдат дека борците на Махсуд се одговорни за многу самоубиствени бомбашки напади во Пакистан, како и за напади врз меѓународните сили во Авганистан.
САД нудат награда од 5 милиони долари за информација што ќе помогне за негово апсење или убивање.