Во Австралија спречен терористички напад

Австралиската полиција соопшти дека открила и спречила самоубиствен напад врз една воена база, при што уапсила 4 лица, осомничени за поврзаност со сомалијска исламистичка група. Околу 400 полицајци улествувале во операцијата во Мелбурн за апсење на осомничените. Премиерот на Австралија Кевин Руд изјави дека овој настан е потсетник дека земјата е сеуште можна цел на екстремистички групи.