Талибанците го ракетираа Кабул

Талибански милитанти истрелале повеќе ракети врз авганистанскиот главен град Кабул, при што имало неколкумина повредени. Според Министерството за внатрешни работи, најмалку 8 проектили погодиле разни делови на градот, од кои една во близина на американската амбасада. Талибанците, пак, соопштија дека истрелале 12 ракети, а цели им биле меѓународниот аеродром и армискиот штаб.