Палестински Фатах ќе усвои нова програма

Палестински Фатах ќе одржи партиска конвенција, прва по 20 години. За време на три-дневниот состанок во Витлеем, на Западниот Брег, делегатите би требало да усвојат нова партиска програма, како и ново раководство, со тоа што лидерот Махмуд Абас, останува на чело на партијата. Фатах е формиран од страна на Јасер Арафат во 1965-та година со цел да биде уништен Израел преку оружена битка. Во нацртот на новата програма на Фатах останува опцијата за оружена битка, но доколку не успеат мировните преговори со Израел.