Избоден главниот узбекистански имам

Главниот узбекистански имам Анвар кори Назаров е во болница, во сериозна но стабилна состојба, откако во сабота вечер бил најмалку три пати избоден. Властите се уште трагаат по напаѓачот, но и по мотивите за нападот.
Назаров е духовен водач на узбекистанските муслимани, а во овие 18 години, колку што државата е независна, никогаш не бил нападнат, ниту пак некој му се заканувал.