Нови казни за бившите ирачки раководители

Судот во Багдад ги осуди поранешните раководители на Ирак Тарик Азиз и Али Хасан Ал Маџид, познат како Хемискиот Али на по седум години затвор поради злосторства над курдите во текот на осумдесетите години, јави ирачката телевизија. Азиз има добиено казна затвор и за други злосторства против човештвото, додека Хемискиот Али во трите поранешни судски процеси е осуден на смртна казна.