Малиќи во посета на автономните курдски области во Ирак

Ирачкиот премиер Нури Ал-Малиќи денеска беше во посета на автономните курдски области во Ирак. Тој се сретна со регионалниот курдски претседател Масуд Барзани и со ирачкиот претседател Џалал Талабани, кој е Курд.
Малиќи по средбата изјави дека е задоволен и дека се согласиле средбите да продолжат.
Курдите бараат да ја прошират нивната територија во северен Ирак и да ја припојат богатата со нафта, етнички мешана, област Киркук, како и други области долж границата на Курдистан.
Барзани неодамна рече дека нема „компромис“ за долгорочните Курдски барања за Киркук. Денеска, пак, тој рече дека бил „флексибилен“ и дека со Малиќи се согласиле да ги решет проблемите.