Мусави: Демонстрациите не се поврзани со странците

Лидерот на иранската опозиција Мир Хосеин Мусави ги демантираше наводите дека неговото движење е поврзано со странците и рече дека „тоа во целост е внатрешно движење“.
Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки, вчера, повторно рече дека за демонстрациите одржани по реизборот на Махмуд Ахмадинеџад за претседател на Иран се одговорни западните земји.