Смртта на поранешна претседателка Коразон Акино ги растажи Филипините

Филипините жалат по починатата поранешна претседателка Коразон Акино. Почесната гарда, денеска, во училишна спортска сала во Манила, го изложи нејзиното тело во ковчег покриен со државното знаме, за Филипинците да и оддадат последна почит. Во понеделник, нејзиното тело ќе го преместат во Ктедралата во Манила каде ќе остане до погребот, в среда.
Акино почина по повеќе од едногодишната битка со ракот на дебелото црево. Таа ќе биде запаметена како хероина на револуцијата „народна моќ“ од 1986 година, кога заврши репресивниот режим на Фердинанд Маркос. Акино имаше 76 години.