Абтахи: Немаше изборна измама во Иран

Немаше изборна измама на јунските претседателски избори во Иран, рече најпознатиот ирански реформист Мохамад Али Абтахи, на судењето за постизборните протести. Тој ја даде оваа изјава пред револуционерниот суд во Техеран, кој денеска го почна судењето на стотина антивладини демонстранти, вклучувајќи и неколкумина поранешни високи владини функционери. Обвинетите се соочуваат со обвиненија за поттикнување на насилство, учество во протестите и за врски со контрареволуционерни групи.