Иранските демонстранти на суд?

Иранскиоте медиуми објавија дека денеска почнува распитот на луѓето уапсени во постизборните протести. Под истрага се и познати ирански реформисти. Новинската агенција Фарс објави дека ќе се распитуваат и поранешниот потпретседател Мохамад Али Абтахи, поранешниот заменик министер за надворешни работи Мохсен Аминзадех како и неколкумина други поранешни функционери. Агенцијата соопштува дека под истрага се 100 луѓе. Тие се обвинети за поттикнување на насилство, учество во протестите и за врски со контрареволуционерни групи.