САД загрижени за изборите во Киргистан

САД изразија загриженост за резултатите од претседателските избори во Киргистан одржани на 23 јули. Амбасадата на САД во Бишкек соопштува дека „иако гласачкиот процес има некои позитивни елементи, САД се согласуваат со првичните наоди на независните набљудувачи... дека изборите не успеаја да исполнат многу од меѓународните обврски на Киргистан.“ Во изјавата се нагласува „непристрасното спроведување на изборниот закон за време на гласачкиот процес во согласност со меѓународните обврски на Киргистан. На изборите победи Курманбек Бакиев со освоени 85 отсто од гласовите.