Контроверзен Закон за новинари во Ирак

Ирачката влада денеска објави нацрт закон за заштита на новинарите, според кој, тие или нивните семејства ќе добиваат помош во случај да бидат повредени или убиени на работа. Меѓутоа, организацијата за слобода на новинарството, која има седиште и во Багдад го критикуваше нацрт законот, оценувајки дека Владата, не сака да ги заштити новинарите, туку ја ограничува нивната слобода.