На изборите во Молдавија води опозицијата

На вчерашните предвремени парламентарни избори во Молдавија, според првичните резултати, води прозападната опозиција пред владејачката Комунистичка партија. Од досега пребројаните 97 проценти од гласовите, четирите опозициони партии заедно имаат над пеесет, додека комунистите над 45 насто. Тоа значи дека комунистите би добиле 48, а опозицијата 53 места во парламентот. На претходното гласање, во април годинава, Комунистичката партија извојува победа, но поради сомневање во фалификување на резултатите дојде до протести на опозицијата. Претседателот во заминување, комунистот Владимир Воронин, свика предвремени избори откако парламентот на двапати не успеа да избере негов наследник.