Медведев на средба со колегите од Таџикистан, Пакистан и Авганистан

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ќе престојува во посета на Таџикистан. На средбата со таџикистанскиот, авганистанскиот и пакистанскиот претседател, Емомали Рахмонов, Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари, ќе биде разговарано за прашања поврзани со безбедноста и енергетиката.