Хисени: статусот на Косово е завршено прашање

Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени изјави дека статусот на Косово е завршено прашање и нагласи дека намерите повторно да започнат преговори по тоа прашање се загубена мисија. Хисени напомена дека би било добро доколку Србија го признае Косово како независна и суверена држава, нагласувајќи дека тоа е во интерес на Белград.