Одземени одликувањата на осум хрватски офицери

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ ги одзеде одликувањата на осум високи офицери од хрватската армија, осудени за воени злосторства во случаите Госпиќ, Лора и Пакрачка полјана. Во одлуката на претседателот се вели дека одликувањата на офицерите се одземаат поради нивните дејствија, кои противречат на законот и моралните обичаи на Хрватска.