Расте популарноста на Меркел

На два месеца пред изборите во Германија, канцеларката Ангела Меркел, барем според последните анкети, се чини ќе добие уште еден мандат. Според резултатите од истражувањето, објавени денеска, за Меркел се изјасниле 58 насто од анкетираните, додека за нејзиниот главен ривал, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, само 17 насто.