Венецуела ги прекина дипломатските односи со Колумбија

Претседателот на Венецуела Уго Чавез ги замрзна сите дипломатски односи со соседна Колумбија поради тоа што официјална Богота објави дека оружјето што го пронашла кај домашните бунтовници, потекнува од Венецуела. Чавез го обвини претседателот на Колумбија Алваро Урибе дека се однесува неодговорно. Инаку, пронајденото оружје е од шведско производство, а Шведска потврди дека оригинален купувач била армијата на Венецуела.