Предвремени парламентарни избори во Молдавија

Денеска во Молдавија се одржуваат парламентарни избори. Гласачите избираат меѓу комунистите, кои се за стратегиско партнерство со Русија, и либералната опозиција, која се залага за поблиски врски со Западот. Претседателот во заминување, комунистот Владимир Воронин ги распиша овие предвремени избори, откако во минатиот месец во парламентот имаше два неуспешни обида за избор на нов шеф на државата.