САД и Кина се договорија за поурамнотежен глобален економски раст

САД и Кина постигнаа договор за потребата за воспоставување поурамнотежен глобален економски раст по завршувањето на сегашната економска криза, изјави американскиот секретар за финансии Тимоти Гејтнер, по разговорите за намалување на меѓусебните разлики околу економските и надворешно- политичките прашања. Разговорите беа посветени на потребата од борба против растечкиот трговски протекционизам, како и на обидот да се убедат меѓународните финансиски институции да ја зголемат поддршката за економиите во развој, како што е кинеската.