Прогноза за времето- и натаму сончево и топло

Времето денеска ќе биде стабилно, сончево и суво со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 10 до 18 степени, а дневната ќе биде од 27 до 34 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време, со минимална температура од 16, а максимална до 32 степена.