Албанија ќе испрати нови војници во Авганистан

Албанија ќе испрати 120 војници во Авганистан, кои ќе им се придружат на триесетмината кои веќе се борат во земјата, соопштија денеска албанските власти. Во соопштение на албанското Министерство за надворешни работи се наведува дека војниците ќе бидат испратени во авганистанската провинција Херат каде ќе придонесат кон одржување на мирот пред и за време на претседателските избори закажани за 20 август. Во меѓувреме, парламентот на Црна Гора денеска подржа предлог за испраќање на 40 црногорски војници во Авганистан.