Поцврсти санкции за Иран?

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предупреди дека ќе следуваат поцврсти санкции против Иран доколку не одговори на понудата на Вашингтон за дијалог околу нукеарната програма. Гејтс кој по посетата на Јордан денеска престојува во Ирак изјави дека во таков случај Вашингтон ќе побара меѓународна поддршка за нови санкции. Иран веќе е погоден со три пакети санкции од Обединетите нации поради неговото одбивање да ја запре нуклеарната програма.