Најавено намалување на санкциите против Сирија

Соединетите држави го направија првиот чекор за намалување на притисокот на економските санкции против Сирија. Белата куќа соопшти дека американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел му рекол на сирискиот претседател Башир ал Асад дека Вашингтон ќе се обиде да го забрза процесот за укинување на некои санкции. Во минатиот месец Соединетите држави објавија дека, по четири години ќе наименуваат амбасадор во Сирија.