Експлозии на бомби во Атина

Рачно изработени бомби експлодираа рано изутринава пред канцелариите на политичките партии Нова Демократија, ПАСОК и ЛАОС во Атина, соопштуваат грчките медиуми. Експлозиите предизвикале само материјални штети. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.