Бугарскиот парламент ја избра новата влада

Бугарскиот парламент денеска ја избра новата влада на десниот центар која ја предложи мандатарот Бојко Борисов. Него го поддржаа 162 пратеници, 77 беа против, а еден пратеник беше воздржан. Партијата - Граѓани европски развој на Бугарија победи на парламентарните избори на 5 јули. Партијата има 116 од вкупно 240 места во Парламентот. Новата бугарска Влада ќе има 16 министри, вклучувајќи и еден без ресор, што е за едно министерско место помалку отколку во составот на Кабинетот на поранешниот премиер Сергеј Станишев.