Роберт Гејтс во посета на Израел

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска е во посета на Израел на разговори за нуклеарната програма на Иран, како и за блиско-источниот мировен процес. Гејтс, по разговорите со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, изјави дека американската понуда до Иран за преговори не е бесконечна.