Николас Саркози е во добра состојба

Францускиот претседател Николас Саркози се чуствува добро, откако вчера беше примен во болница, зашто му се слошило за време на трчањето, соопштуваат во кабинетот на францускиот претседател. Саркози се онесвестил додека по топлото време трчал во околина на претседателската резиденција, а во болница бил примен поради испитувања.