Нападнат авганистански политичар

Вооружени лица денеска го нападнале потпретседателскиот кандидат предложен од актуелниот Претседател на Авганистан Хамид Карзаи. Мохамед Касим Фахим, кој се кандидира за Подпретседател на претстојните претседателски избори закажани за 20 Август не бил повреден во нападот. Бунтовници го нападнале конвојот на Фахим на пат во провинцијата Кундуз во северниот дел на Авганистан.